Во Чешка од вечерва се очекува студен бран и ветер, а на планините во наредните денови се очекува да падне и до половина метар снег, јави дописникот на МИА од Прага.
Според метеоролозите, во петок, во северниот дел од земјата се очекува ураганот Ксавер, кој денеска создава проблеми над Скандинавија.
Силината на циклонот може да достигне брзина од 130 километри на час, а температурите на воздухот ќе се движи од од минус еден до три степени Целзиусови.