Уредникот а МТВ2: „Зарем мислевте дека нема да одговориме на провокацијата на Стоилов?!“


Уредникот на спортската редакција на албански јазик во Македонската телевизија (МТВ), Мустафа Адеми, кој преку ноќ стана „ѕвезда“ со бојкотот кон Стојанче Стоилов кого во преносот од мечот Македонија-Јапонија го нарекуваше како „играч со бројот пет“, засега нема да се соочи со казна, а во меѓувреме добива поддршка и од главниот и одговорен уредник на МТВ2, Мигена Горенца.

Во денешниот разговор, лидерката на албанската редакција во националниот сервис прво не сакаше да го коментира завчерашниот скандал поврзан со новинар на кого хиеархиски му е претпоставена, но потоа децидно потенцира дека Адеми ја има нејзината поддршка.

„Ако мислевте дека нема да има реакција од албанските спортски новинари на потегот на Стоилов, кој реши да напушти официјална манифестација зашто не му се допаѓало да го слуша албанскиот јазик од бината, тогаш многу грешите. Лично мислам дека не треба да има поделби на наши и ваши, но како главен и одговорен уредник на МТВ2 стојам позади мојот новинар. Акцијата носи реакција, кратко и јасно кажано“, за Спорт1 изјави меѓу другото Горенца.

Фактот што денеска е недела е причината поради која челниците на албанската редакција на МТВ решиле со овој проблем да се справат дури утре, за кога рано наутро е закажан редакциски колегиум. Тоа значи дека новинар кој се дрзна да искажува лични ставови директно во етер на телевизија која го носи префиксот национална и која се финансира од државниот буџет, би можел и денеска да биде во улога на коментатор на мечот против Бахреин.

А, тоа воедно е и уште една шанса да го бојкотира ракометарот на државата во која живее, нешто на што веќе ни се смее цел Балкан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1