Двајца починаа а три деца се борат за живот, од кои едното е во кома по тешката сообраќајна несреќа кој вечерва околу 19 часот се случи во близина на Кочани. Како што информираат од Ургентниот центар во Скопје, постара жена е втората жртва откако на лице место починал возачот на тракторот.
Во скопските Клиники донесени се вкупно 10 деца а едно е префрлено во Градската болница во Скопје. Како што информираат лекарите, 3 од нив имаат тешки повреди и тие се борат да го спасат нивниот живот. Децата се на возраст меѓу 14 и 15 години. Имаат тешки повреди на главата и фрактури на черепот. Во најлоша состојба е едно од децата кое е во кома.
За да бидат префрлени во Скопје, Министерството за здравство ги ангажирало сите капацитети во Источна Македонија. Ангажирани се сите возила на Брза Помош од Штип, Кочани, Делчево и Македонска Каменица.
За да згрижат повредените во Ургениот центар е дигната вистинска узбуна. На работа се викнати сите доктори а дополнително, отворена е и клиниката за радиологија за да може да се снимаат повредите.
Во Ургентниот центар пристигна и премиерот Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров како и роднините на повредените деца.
Повеќе фото на – Прес24
8ТЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ОД КОЧАНСКО СЕ ВРАЌАЛЕ ОД ИЗЛЕТ
EДНО ДЕТЕ ВО КОМА ДВЕ СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ – ПОЧИНА И ЖЕНАТА КОЈА БИЛА НА ТРАКТОРОТ
ЕДЕН ЗАГИНАТ – ОСУМ ДЕЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ КОЧАНИ