Уште еден жител на селото Симница во текот на вчерашниот ден е примен на Инфективната клиника, но засега нема симптоми на треска посочи министерот за здравство, Арбен Таравари.
Тестирањето за останатите пациенти е завршено и било негативно.
Таравари изјави дека е поминат целиот терен во селото, секоја куќа и бачилото се деретизирани.