Лицата биле пронајдени и со хелихоптер повреденото лице било префрлено до Скопје за укажување на медицинска помош.
На 18.12.2016 година во 01,35 часот во ПО Попова Шапка, Д.Б. од Скопје пријавил дека во 01,15 часот телефонски му се јавил, планинар кој со уште тројца планинари се движеле кон Титов Врв, при што кај м.в.„Бакардан“, се случило несреќа во која 17 годишно лице од Скопје, се лизнало од замрзната карпа и се стекнало со повреди и е во тешка здравствена состојба.
По ова се правени обиди телефонски да се стапи во контакт со групата, но на телефонските броеви со кои се располагало, врска не можела да се воспостави, најверојатно поради мрежна непокриеност на просторот.
Околу 03,15 часот кон местото каде што е пријавено дека се случила несреќата се упатиле двајца планинари опремени со соодветна опрема за пружање помош во посебни услови.
Лицата биле пронајдени и со хелихоптер повреденото лице било префрлено до Скопје за укажување на медицинска помош.