Уште едно дете заразено со туларемија – 29ти случај во земјата


Со туларемија заразено и 11 годишно дете од село Грушино. Болеста лабораториски била потврдена денеска во Институтот за јавно здравје. Матичниот лекар го упатил момчето со родителите на Инфективна. Поради лесната клиничка слика, не е хоспитализирано на болничко лекување, јавува Здравство24.

tularemija

Епидемиолозите го бараат изворот на зараза – детето пиело вода од водовод и немало контакт со глодари. Тоа е  четвртиот случај на заразен од ова село кое е дел од општина Арачино каде има уште 6 регистрирани со туларемија. Ако се појави уште еден заболен, здравсвените власти најверојатно ќе прогласат епидемија и на тоа подрачје.

-Ја следиме состојбата. Мерките се спроведуваат на терен -тоа е дератизација во домовите и дворовите на заболените, населението да не користи загадена вода, одржување на личната хигиена, добро миење на овошјето и зеленчукот бидејќи туларемијата може да се пренесе и од тоа, вели Јованка Костовска од МЗ.

Пред три недели надлежните прогласија епидемија во Лозово каде има 12 заболени. Два случаи има и во Свети Николе и тројца од Куманово. На Клиниката за Инфективни болести нема хоспитализирани пациенти со туларемија. Првите два случаи беа потврдени во јануари.

Во изминатите 25 години ова е трета епидемија на туларемија во земјата. Досега не е регистриран ниту еден смртен случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1