Уште не почнаа ѕвездите се искршија – Лоба повреди зглоб, Чупески колено, Јелена мускул


tanc-so-dzvezdite---viktori

Огнен Антов, продуцентот на „Танцот со ѕвездите“, вели дека часовите по танц најтешко ги совладале спортистите, но прогресот сега е очигледен. На актерите, пак, најлесно им одело. Една од неочекуваните работи при подготовката на шоуто било што морале да ангажираат и ортопед поради честите повреди при совладувањето на танците, пишува Нова Македонија

Шоуто треба да почне до крајот на наредната недела а ѕвездите уште не застанале на подиумот за танц веќе се искршија. Се вели дека има три работи што треба да се направат за да се стане професионален танчар – да научите да танцувате, да се претставите и да знаете да се справите со повредите. Спортистите, ТВ-презентерите, актерите, пејачите, сите успешно се пронајдоа во новата улога во „Танцот со ѕвездите“ – велат организаторите.

Будимир заработила повеќе модринки одошто од ракомет

Таа вели дека често се случува да се удрат со глава, со лактови, така што по целото тело има модринки.
tanc-so-dzvezdite---budimir– Целата сум со модринки, ваква не сум била ни од тренинг на ракомет. Дефинитивно го потценив танцот, сега ми е јасно зошто се вбројува во еден вид спорт. Можеби изгледа лесно, но навистина е тешко.
Огнен Антов, продуцентот на „Танцот со ѕвездите“, вели дека часовите по танц најтешко ги совладале спортистите Атанас и Адријана.

Една од неочекуваните работи при подготовката на шоуто беше што моравме да ангажираме и ортопед, кој ќе ни стои на располагање во секое време, бидејќи Викторија Лоба го истегна зглобот, Бранко Чупески го повреди коленото, а актерката Јелена Јованова истегна мускул – вели Антов.

Повеќе за тоа што се се подготвува на линкот на Нова Македонија 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1