Секс скандалот кој ја потресува Србија веќе неколку дена, се шири и во останатите земји од поранешна Југославија, иако сè уште не е дефинирано кои. Услугите на елитните проститутки, повеќето српски пејачки и водителки, ги користеле голем број српски службеници, но и нивните колеги од регионот, пишува српски Курир.
-Проституцијата не знае за граници, а љубовта кон убавите млади жени е заедничка за политичарите во регионот. Еве, на пример, една српска водителка неодамна ја минала ноќта со еден висок државник од државите во регионот. Дамата заработила 2.000 евра, а политичарот по неа во Белград пратил приватен авион. Истиот човек веќе со години одржува интимни односи и со една српска пејачка, а се случувало да ја препорача на колегите од просторите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора…Секако, речиси сите политичари кои плаќаат сексуални услуги, во јавноста се претставуваат како чесни семејни луѓе, вели изворот на Курир.
Српската активистка за човекови права, Лилјана Раичевиќ, вели дека оваа приказна не ја изненадува.
-Факт е дека елитната проституција постои и во Црна Гора, Србија и Хрватска и дека тука се вртат големи пари. Но тоа е проституција, без разлика дали станува збор за пејачки или водителки. И тие може да бидат уценети. За жал, многу тешко се доаѓа до материјални докази, бидејќи тоа е затворен круг, а во игра се огромни пари, моќ и влијание. Добро е таа тема да се разреши, па макар и да не се споменуваат имиња, вели Раичевиќ.