Уставен не поведе постапка за евтина струја – ќе си плаќаме скапа


Граѓаните и натаму нема да користат евтина струја во работните денови. Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на тарифникот за електрична енергија донесен од Регулаторната комисија за енергетика. Сметаат дека за социјалниот аспект не треба да размислува регулаторното трело, туку Собранието и Владата.

struja-33Укинувањето на дневната тарифа за евтина струја не е спротивно на уставните начела, констатираа уставните судии и не поведоа постапка за тарифниот систем за електрична енергија, донесен од Регулаторната комисија во јули минатата година.

-Она што граѓаните не може да плаќаат струја е друга работа. Собранието треба да им излезе во пресрет, рече Бранко Наумовски, претседател на Уставниот суд.

Иницијативата пред Судот, поднесена од Срезо Стрезовски, беше поддржана од граѓанската иницијатива АМАН и од Хелсиншкиот комитет, кои побараа заштита на стандардот на граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1