Уставен суд ќе расправа за извршителите и огромните наплати на надоместоци од граѓаните


Уставните судии денеска ќе расправаат дали да поведат постапка за уставноста на тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите, пишува на веб страницата на судот.

Иницијативата е поднесена лани, а оваа точка е четврта на дневниот ред на судот. Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите е објавена во 2016 година.

Уставниот суд во 2017 година укина повеќе членови од Законот за извршување, посебно одредбите што се однесуваат на вонсудската наплата на долгови. Укинати се одредбите од Законот со кои од доверителот се бараше претходно да ја плати цената за администрирање и првичниот налог за извршување со поднесување на барањето за извршување, како и одредбата каде како извршна исправа се смета заклучокот на извршителот за утврдување на трошоците на извршувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1