Уставен суд во среда пак ќе одлучува за самораспуштање на Собранието


Уставниот суд во среда ќе одлучува по иницијативата што во петокот ја поднесе пратеникот Талат Џафери од владејачката ДУИ за распуштањето на Собранието.

Од Уставниот суд потврдуваат дека е изменет дневниот ред за во среда, како и дека наместо другите најавени точки судиите во средата единствено ќе расправаат за распуштањето на Собранието.ustaven sud

Иако Судот веќе одлучуваше за ваква иницијатива и се прогласи за ненадлежен, од таму велат дека имало измена на самата одлука за распуштањето на Собранието во закажувањето на изборите.

Тоа за Уставниот суд е доволна измена за повторно да одлучуваат за истата иницијатива што претходно ја поднесеа претседателот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Собранието се распушти на 6-ти април врз основа на изменетата одлука што ја изгласаа пратениците на 23 февруари. Уставниот суд одлучуваше по иницијативата на Павле Трајанов на 18 февруари.

Иако во медиумитe има информации дека Уставниот суд ќе расправа и за иницијатива поднесена од граѓанин за оспорувањето на членот 11 од Законот за помилување, сепак, на утрешната седница нема да се одлучува за оваа иницијатива.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во понеделникот од Рим порача дека нема уставна можност повторно да го свика Собранието.

Ако Уставниот суд го прогласи распуштањето на Собранието за противуставно, тогаш Собранието ќе закаже седница на којашто би се отворила можност да се поништи одлуката за изборите коишто се закажани на 5-ти јуни и на кои ќе учествува единствено ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1