Уставниот суд едногласно денеска и официјално ги поништи двете одлуки што ги донесе Собранието, а се однесуваат на неговото распуштање, односно на одржувањето избори на 5 јуни.
Мината среда Уставниот суд отвори постапка за испитување на уставноста на овие две одлуки и донесе времена мерка да се стопираат сите активности во врска со организирање избори на 5 јуни.
Уставниот суд ги поништи одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија од 18 јануари 2016 година и одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Правата е противуставна затоа што се носи со одложено дејство, а втората затоа што не може веќе распуштено Собрание да се свика и да го промени датумот на распуштање.