Утре ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег


Под влијание на влажна и студена воздушна маса, денес кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и ќе преминуваат во снег, во северните делови насекаде, додека во останатите подрачја во пониските места се уште ќе бидат претежно од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека утре ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната. Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има вдолж Повардарието каде ќе биде најветровито.

Од среда попладне следува благо затоплување, па до крајот на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1