Утре ќе одлучува за нови мерки – карантин не е опција


Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе решава за воведување порестриктивни за заштита од корона вирусот. Како опција ќе се разгледува намалување на работното време на угостителските објекти, во пресрет на новогодишните празници, но не карантин и полициски час.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Министерот за здравство, Филипче, истакна дека овие две мерки нема да дадат резултати и подобрување на епидемиолошката состојба во земјава во претстојниот период.

Процентот на позитивни од тестирани лица останува висок. Вчерашниот изнесуваше 34,2 отсто, односно, од 1470 тестови беа регистрирани 504 нови случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1