Утврден предлог законот за амнестија – нема помилување за организаторите, тепачите и тие со оружје


Предлог закон законот за амнестија ќе се фокусира на тоа кои за кои дела обвинетите и досега осудените за собраниските насилства од 27 април лани нема да бидат амнестирани.

Телото за помирување го усогласи Законот за амнестија. Согласно предлогот, организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, оние кои носеле оружје како и службените лица кои ги пречекориле своите овластувања нема да бидат ослободени. Од амнестијата ќе бидат изземени и оние кои се обвинети за здружување поради непријателска дејност.

Сите обвинети за 27 април имаат право во рок од 5 дена да поднесат индивидувални барања за аменстија, а одлуката ќе ја носи судот.Во предлог законот е даден опис на дела кои нема да бидат амнестирани.Организатори, маскирани, вооружени и лица кои сториле насилство немаат право на амнестија. Според најавите, законот ќе важи само пет дена и во тој рок сите кои сакаат да бидат амнестирани ќе треба да поднесат барање.

„ Одредбите не се однесуваат за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој закон сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност”, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, кривичното дело „Убиство” икривичното дело „Насилство”“, стои во текстот на предлог законот.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на ставот дека не поддржуваат решенија кои нудат селективна правда.

Амнестијата можно е да влезе во собраниска процедура уште во текот на денешниот ден, а ќе се носи по скратена постапка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1