Увидот уште трае: Се трага по мажот и автомобилот во Калиманци


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Делчево и натаму врши увид на локацијата кај вештачката акумулација Калиманци, каде вчера беше пронајдено телото на една жена, информираат од Обвинителството.obvinitelstvo-skopje

По наредба на јавниот обвинител, врз пронајденото тело е извршена обдукција.

Телото е идентификувано како 31-годишната Т.С. од с. Дулица. Во близина на акумулацијата се пронајдени траги на автомобил, но се уште не се пронајдени ниту автомобилот, ниту друго лице во водите на езерото.

Надлежниот јавен обвинител интензивно работи на расветлување на причините за смртта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1