Точната причина за смртта на Душан Бабиќ (80) и неговата сопруга Милица (84) и синот Драган (61), чии тела беа пронајдени пред два дена во состојба на распаѓање во нивната семејна куќа во Баштованската улица, во белградското предградие Земун, ќе утврди обдукцијата.
Во Сурчин кружат разни приказни, од тоа да дека Душан и Милица умреле од глад и студ, а нивниот син, кој бил ментално болен, се отрул со лекови.
– Тие немаа што да јадат, а Милица одеше низ соседството да моли за парче леб за нејзиниот син. Тие живееја со 12.000 социјалната помош што ја добивал Драган, но тие немаа од што да живеат. Душан не го оствари правото за пензионирање, а Милица не работела. Драган излегувал во дворот, кога времето било убаво, а неговите родители одеа по храна. Видов таткото едвај можеше да оди во пекара и да донесе нешто. Тој едвај се движеше. Еднаш слушнав како Драган од неговата мајка бара да јаде, а таа му рече: “Што да ти дадам, кога јас немам ништо” – изјави за српски “Ало!” еден од соседите на Бабиќ.
Тој рече дека куќата семејството Бабиќ ја изградило во 1960-тите години, додека се уште Душан работел во Германија, но слабо се мешал со соседите. “Тогаш Драган беше чуван од страна на баба му. Подоцна, тој го заврши училиштето и се вработи во ИМТ, но се разболи. Тие беа чудни, а Милица беше во состојба да го истера Душан од слава и да го принуди да се кара со соседите. Јас не верувам дека тие биле убиени од страна на Драган, бидејќи Душан алатот го држеше во гаража. Прво тие починале на катот, а потоа тој бидејќи не знаел кои лекови да земе самиот се отрул долу во приземјето “, рече за семесјтвото Бабиќ соседот, кој последен пат ги видел на 20 јануари.