Индиска полицајка(27) е најновата од многубројните жртви на бруталното групно силување кое стана секојдневие во таа земја.
Таа беше силувана од група мажи додека превезувала тело на својата почината сестра до крематориј.
Групата мажи вооружени со секири го запреле возилото во кое била таа со своето семејство и со телото на покојничката. Тие прво побарале пари и накит и кога виделе дека патниците немаат речиси ништо кај себе, станале бесни и решиле да ја силуваат несреќната девојка. Не помогнале ниту молбите на таткото и на братот на девојката, кои објаснувале дека превезуваат посмртни останки на член на семејството. Разбеснетите разбојници ја одвлечкале девојката во шума и ситеја силувале, заканувајќи му се на семејството дека сите ќе ги убијат ако пружат отпор.
Kanal5