Ужас во подрумите: Курдите тврдат дека турската армија над 150 цивили ги запалила живи


Страшни сцени од југоистокот на Турција, поточно од градот Џизре. Пристигнуваат информации кои говорат дека турската војска ги пали телата на убиените цивили.Screenshot_142

Видео кои што пристигнуваат од турскиот град Џизре поприлично се вознемирувачки и би можеле да помислиме дека всушност се работи за снимки направени во некој сириски град. Но, станува збор за турски град кој се наоѓа на југоистокот на земјата и е погоден од големата операција на турската војска која е во потрага за припадниците на курдската бунтовничка организација ПКК (Работничка партија на Курдистан).

Но, тоа што е најстрашно од сето тоа се извештаите кои што пристигнуваат од овој град. Имено, според одредени информации, многу цивили се сокриле од гранатирањата на турската армија во подрумите, а имало и голем број на ранети цивили.

Сега пристигнуваат информации за масовен масакар на тие цивили – курдски извори тврдат дека турската војска ги убива сите цивили кои се кријат во подрумите, а на многу места жртвите дури биле и живи палени.

Се чини дека допрва ќе се утврдува „магнитудата“ на трагедијата во турскиот југоисточен град Џизре кој е населен со курдско население. Курдските извори пренесуваат дека дури 150 цивили биле живи запалени.

Сепак, важно е да се нагласи дека оваа информација не е потврдена од релевантни медиумски извори. Но, важно е да се знае дека Западните медиуми досега покажале дека се воздржуваат од критики кон Ердоган кој моментално е сојузник на западните сили против Асад, односно против Русија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1