Ужас во Србија: Обреновац како масовна гробница, спасени се 500 мајки и деца


Десетици жртви во Србија и во Босна и Херцеговина во последново деноноќие. Бројот на загинати не се открива се додека не заврши борбата со водените стихии. Најдраматично и натаму е во Обреновац, каде што илјадници луѓе чекаат да бидат извлечени, пренесува Канал 5.

Во меѓувреме, наложена е итна евакуација во местото Барич, близу Обреновац, каде што ва наредните два часа треба да бидат извлечени сите седум илјади жители.

slikaobrenСрбија се обедини и успева во битката со како што ги нарекоа, библиските поплави. Шабац е спасен, центарот на хемиската индустрија, чија евентуална хаварија се закануваше да предизвика штети од несогледливи размери. Синоќа и денеска сите патишта водеа кон Шабац. Владата побара 1.500, дојдоа 10 илјади луѓе на помош. Србија покажа дека е голема во љубовта кон татковината, рече премиерот Александар Вучич.

– Голема работа е завршена. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе, околу 10 илјади луѓе, на кои беше тешко да им се објасни дека немаме потреба од жива сила, а тие покажаа колку ја сакаат земјата, изјави Александар Вучиќ, премиер на Србија.

-Кога почнавме не бев оптимист. Имавме многу проблеми, но потоа се дојде на свое место. Ноќеска тука беа ангажирани повеќе од шест илјади граѓани, припадници на полицијата, војската, кои макотрпно работеа и го гледате резултатот од таа работа, целосна заштита на Шабац, изјави генерал Љубиша Диковиќ, началник на ГШ на српската војска

Србија ја доби првата битка, но ја очекуваат уште многу. Обреновац е претворен во масовна гробница. Се бројат жртвите, а илјадници чекаат за евакуација. Таму денеска се извлечени 500 мајки и деца…..

– Илјадници луѓе, погодени од поплавите, не се во можност да се евакуираат поинаку, освен со хеликоптери и чамци. Досега се евакуирани над четири илјади луѓе. Почнавме со извлекување на првите безживотни тела. Додека водата не се повлече, нема да го објавиме бројот на жртви, изјави Предраг Мариќ, началник за вонредни ситуации во Србија.

Неизвесноста околу Сава продолжува. Реката денеска ги проби насипите на Тент во должина од сто метри, заканувајќи се да направи пустош на повеќе населени места. Водостојот на Сава покрај Сремска Митровица го достигна историското ниво од осум и пол метри. До сега се евакуирани 15 илјади луѓе, а 100 илјади домаќинства се без струја. Во неврат се однесени над две илјади куќи, а околу две илјади се загрозени.

Но и покрај очајната состојба, многумина се обидуваат да профитираат: цените на основните намирници во некои продавници се неколкукратно зголемени и веќе е уапсен еден продавач во Обреновац. Ситуацијата е надвор од контрола и во делови на Босна и Херцеговина, каде што властите избројаа 10 жртви.  Само во Добој денеска се пронајдени шест безживотни тела. Накртично и понатаму е во кантоните Сараево и Тузла, а според медиумите, најголема опасност сега демне од минските полиња, кои неофицијално,  однеле повеќе жртви.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1