Три мали деца биле пронајдени денеска мртви во својата куќа во Велика Крсна кај Младеновац.
Во куќата живеела Мирела Николчиќ(29) со трите мали деца. Во времето на пожарот, децата, на возраст од две, три и четири години биле заклучени сами во куќата.
Соседите, кога го забележале пожарот, повикале пожарникари и полиција, но за децата било предоцна.