Санела Бибиќ (24) од Рожаје е осудена на седум месеци затвор поради кривично дело, убиство на дете при пораѓање.
Во почетокот на март таа се породила во семејната куќа, а после неколку дена поради здравствени компликации побарала помош во болница.
Лекарите се посомневале во нејзината приказна дека бебето се родило мртво, па ја информирале полицијата.
На сослушувањето Санела тврдела дека мртвото бебе два дена го држела под креветот, а потоа безживотното тело го фрлила во реката Ибар.