Брачната двојка Никола (67) и Спасена (68) Милобратовиќ чии тела во распаѓање синоќа ги нашол нивниот сосед најверојатно починале од глад, пишува Ало.рс.
Од што точно починале ќе се знае откако ќе биде готова обдукцијата која се спроведува во Институтот за судка медицина во Белград. А за тоа колку тешко живееле и колку едвај крпеле крај со крај говори и нивниот долг во локалната пекара од 4000 динари. Наводно, тие морале да се задолжуваат за да јадат по некоја корка леб.
Соседите почнале да се сомневаат дека нешто не е во ред со брачната двојка Милобратовиќи откако не ги виделе со недели. Во моментот кога го почувствувале непријатниот мириз кој почнал да се шири од нивниот стан ја повикале полицијата.
-Полицијата ни рече да најдеме двајца сведоци и да влеземе во станот. Мојот сопруг ја разби вратата. Несреќната жена лежеше мртва во ходникот, додека пак на креветот во спалната соба го најдовме нејзиниот сопруг. Пред неколку дена им тропнав на вратата, но никој не ми отвори и се повлеков, изјавила Добрила, претседателка на куќниот совет во зградата.
Спасена доаѓала во пекарата за да купи леб. Тие не купувале ништо друго освен леб, а долгот им бил околу 4000 динари.
-Ни плаќаа кога имаа пари. Кога и да им кажевме дека треба да покријат дел од долгот, тие секогаш тоа го правеа. Спасена доаѓаше секој ден, изјавила сопственичката на пекарата.
Брачната двојка живеела во адаптиран мал стан. Сите нивни соседи знаеле дека тие имаат проблем со финансиите бидејќи нивните пензии биле многу мали. Меѓутоа, како што велат, тие никогаш не се жалеле.
Според досегашните информации не станува збор за убиство. Точната причина за смртта на Спасена и Никола ќе се знае по обдукцијата која веројатно ќе потрае бидејќи телата се во фаза на распаѓање.