Ненад (4), Димитрије (3) и Маја (2) Николчиќ синоча загинаа во пожар кој ја зафатил нивната куќа Велика Крсна кај Младеновац. Во моментот кога куќата се запалила тие биле сами дома и заклучени, пишува српски Блиц.
Во куќата ги заклучила нивната 29 годишна мајка Мирела. Таа била разведена од татко им кој имал дете со друга жена.
Таа стигнала до изгорената куќа пред полицијата. Дошол и билошкиот татко на децата. меѓу нив имало и физичка пресметка.
Соседите велат дека трите деца живееле повеќе сами отколку со мајка им која секоја вечер ги заклучувала и излегувала. Нивниот живот кој заврши трагично бил многу тежок.
– Ѓубре едно, моја ќерка е ама кучка е – викала синоќа мајката на Мирела избезумена од страшниот крај на нејзините внуци.
– Секоја вечер ги оставаше децата да биде со швалерот. Сега нека скокне таа во оган ! – рекла очајната баба на трите мали жртви.
Обвинителот не побарал Мирела да биде притворена. Психологот проценил дека таа е во голем шок и потребен и е медицински третман.