До недела ќе се задржи стабилно, суво и топло време, со умерено висока вредност на УВ – индексот која ќе биде околу 5.
Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 2°C до 9°C, а дневните температури ќе достигнат до 15°C односно до 23°C.
Претежно сончево со локална облачност и ветровито ќе биде и во недела. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 2°C до 9°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 23°C.
Од понеделник следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
weather4all.com.mk