Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот од понеделник ќе се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот, и тоа на:
– Крстосниците по должината на булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев (кај мостот „Гоце Делчев“) до крстосницата со булеварот 8.Септември;
– Крстосницата меѓу улицата Јордан Мијалков и улицата Павел Шатев (кај надвозникот кај Јужен булевар).
Калибрацијата е процес којшто бара во одредени периоди од денот на овие крстосници да биде активиран адаптивниот начин на контрола на сообраќајот во зависност од сообраќајното оптоварување на крстосниците за да се увидат проблемите и да се дотераат параметрите за адаптивна контрола за најдобро да ги опслужува сообраќајните текови.
Поради тоа, на посочените крстосници може да се појават одредени застои во движењето на возилата, како и нарушување на координацијата на семафорите, односно на зелените бранови.