Ивана В. (37) чие тело е пронајдено во напуштен вагон на Главната железничка станица во Белград, најверојатно е убиена од клиент, зошто несреќната жена се занимавала со проституција. Се сомнева дека убиецот би можел да биде некој од мигрантите, кои ги има многу во близина на местото на злосторството.
Да потесетиме, телото е пронајдено на 30 април околу 10.50 часот во жолтопортокаловиот патнички вагон паркиран на споредниот колосек надалеку од сместувањето за железничарите. Во вагонот е пронајден крвав колец, со кој најверојатно убиецот ја претепал жената до смрт.
Смачкана глава
Иако во близина на местото на ужасното злосторство е куќиќката за железничките свртничари, никој ништо не слушнал, а телото го пронашло едно момче.
-Несреќната жена вагонот за спиење го користела нешто повеќе од месец дена. Имала црна долга и виткана коса и малку тешко одела. Спиела во едно од 10-те купеа во возот. Им раскажувала на свртничарите дека е од Земун, дека татко и ја исфрлил од домот и немала кај да оди. Во останатите купеа имало други скитници. Од тој ден повеќе внатре нема никој од нив, а се верува дека некој од нив нешто видел или слушнал и можеби знае точно што се случило, вели извор од полицијата.
Тој додава дека покрај крвавиот колец во купето е пронајден и камен, па е можно и тој да е користен за убиство.
-Телото на жената е пронајдено без горната облека, па се претпоставува дека е силувана. Добила повеќе удари во глава. Модирците настанале со удирање со цврст предмет, каменот или колецот кои се пронајдени. Никој не знае што точно се случило, но постои сомневање дека жената се занимавала со проституција. Дека можеби ја убил некој од клиентите, можеби и некој од мигрантите кои во тоа подрачје ги има многу. Во близина се нивните шатори, а чешмата на железничката иако е во центарот на градот, ја користат за бањање, објаснува соговорник.