Вака ни подметнуваат бајата храна


За разлика од европските маркети во кои на посебни места на гондолите храната која е пред истек на рокот на траење се продава по цена пониска и до 70 отсто, кај нас пак, ваквиот начин на продажба речиси и да не постои. Трговците, особено кај оние помалите, користат разни трикови за да ни подметнат бајата роба. И најчесто во тоа успеваат.A butcher prepares a shop window display at Lidgates butchers in west London

ЛИМОНТУС И КАМИЛИЦА ЗА СВЕЖ ИЗГЛЕД НА МЕСОТО

За да делува посвежо, во месото се додава винобран, лимонтус и витамин Ц, кои вештачки му го продолжуваат рокот на траење. Исто така, пилешкото, свињското и јунешкото месо се потопуваат во чај од камилица со што се губи непријатниот мирис од долгото стоење.

СВЕТЛОТО И ЗАЧИНИТЕ ГО КРИЈАТ БАЈАТОТО МЕСО

Во месната индустрија и месарите, често се прибегнува и кон визуелна манипулација на купувачот. Така, ладилниците имаат црвено или виолетово светло, што го прави месото да изгледа како штотуку да пристигнало од кланица. Бајатото месо кое почнало да ја менува бојата или да се суши од стоењето, често се „маскира“ со тоа што се става во пикантни зачини и масла, а потоа се продава како мариниран специјалитет. Сепак, најлесен начин на некому да му се подметне бајато месо е кога од него се прават плескавици и ќебапи.

ВОДА И МРАЗ ЗА ОВОШЈЕТО

Овошјето, особено зелената салата, зелката и кељот, трговците често го прскаат со вода во која има малку детергент за садови за да бидат малку поблескави и да изгледаат посвежо. Овошјето и зеленчукот често се чуваат на мраз, со цел што подолго да делува свежо, а се случува и да го премачкуваат со тенок слој на масло, за да делува блескаво и тазе обрано.

НА МЕРЕЊЕ

Робата со истечен рок на траење често се распакува и се продава на мерење. Тоа го прават со бонбоните, пудинзите, кексите…

РОК НА ТРАЕЊЕ – НЕПОЗНАТ

Трговците често го прекуцуваат рокот на траење, или го прелепуваат со налепници на кои е назначен далеку подоцнежен датум од оној реалниот. Ако има прилика, рокот на траење често ќе се размачка, па наместо датум останува само размачкана дамка од мастило. Ако рокот на траење е отпечатен на пластичната амбалажа, трговците често имаат навика да го изгребат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1