Две новороденчиња од 2 односно 4 месечна возраст починале за две дена, едното на 1 а другото на 3 март. Првите неофицијални сомнежи се поврзуваат со истата вакцина која ја примиле двете новороденчиња. Како што дознава Алсат М се работи за вакцината Дитепер, користена само две дена пред да починат новороденчињата. Роднините се потресени од трагедијата и не се подготвени да зборуваат пред камерите. Случајот за Алсат М телевизија го потврдија од полицијата и од вештачењето.
“На 1 март во Студеничани е пријавено дека за 12 месечно новороденче, родено во декември 2014-та година, било повикана брза помош. Вториот случај е на 3-ти март, новороденче родено во јануари месец, примено во градска болница каде не дало знаци на живот. Лекарите се обиделе да го вратат новороденчето во живот, но безуспешно. Во двата случаја било констатирано дека смртта не е како последица на насилство, туку поради болест, затоа телата на двете новороденчиња се однесени на вештачење, со цел откривање на точните причини на смртта“, изјави Лиза Бендевска – портпаролка на СВР- Скопје.
Ова не е прв пат кога во земјава и регионот постои сомнеж дека вакцините се причина за смртта на новороденчиња. Пред 5 години, 6 месечно дете од Лукавац- Тузла беше причина Институтот за јавно здравје да донесе привремена забрана за употребување на вакцината Дитепер. Се работи за комбинирана вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис односно кашлање.
Првата доза од три вакцини се дава во четврти, петти и шести месец од раѓањето. Втората доза се дава во 16 месец додека третата доза на 4 годишна возраст. Последната доза се дава на 14 години, но овој пат само против дифтерија и тетанус.