Вал Килмер сепак боледува од тумор на грлото, потврдија членови на неговото семејство, кои тврдат дека „верата ќе го убие затоа што поради неа одбива лекување.
Актерот минатата недела заврши во болница заради крвавење од грлото, па иако на Фејсбук негираше дека боледува од тумор, сега неговото семејство ја потврди таа дијагноза.
– Вал уште од летото знае дека има тумор, заради што и имаше проблеми со говорот. Како што забележавте, често носи шалови и слични предмети, затоа што вратот поради туморот често му е отечен, велат роднините и додаваат дека досега во повеќе наврати се обидувале да го уверат да се согласи на лекарска помош, но тој одбива заради религиозни верувања.
Вал поради непознато религиозно движење ги отфрли сите опции на лекување понудени од страна на лекарите, а сите кои биле упорни во тоа, ги исфрлил од неговиот живот.
Семејството исто така наведе дека Вал во почетокот не сакал да признае дека има тешки болки, затоа што тоа ќе значело дека неговата молитва не делува. Имено, припадниците на религиозното движење каде актерот припаѓа, веруваат дека молитвите се единствен начин на лекување.