Валери се уште ја нема – заминала без документи – помош бара и француската амбасада


Освен МВР , и француската амбасада испрати соопштение во кое бара помош во врска со исчезнувањето на Французинката Валери Незироски , која е пријавена за исчезната пред повеќе од 20 дена.

valeri11Од француската амбасада апелираат до сите кои  имаат информации да ја контактираат полицијата на  телефонскиот број 192.

На сајтот на министерството за внатрешни работи од вчера е објавено дека 39-годишната Валери  Незироски од Франција е исчезната, и се повикува доколку некој граѓанин има било каква информација , да пријави во наблиската полициска станица.

Незироска е висока 168 сантиметри и тешка 55 килограми. Валери беше пријавена како исчезната,  кога излегла од домот во Кичево и не се вратила. Нејзиниот сопруг за Канал 5 изјави дека таа со себе не зела ниту пасош,ниту пари .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1