Ванеса Паради по Џони Деп ужива во нова љубов ФОТО


Француската пејачка и актерка Ванеса Паради (43) е во врска со режисерот Самјуел Беншентри.

Таа 15 години беше во врска со актерот Џони Деп, со кого има две деца. Сепак, двојката се раздели, а Џони потоа се ожени со актерката Амбер Херд, од која во меѓувреме се разведе.vanessa-paradis-retour-sur-les-hommes-de-sa-vie-photos_exact540x405_l

„По Џони Деп и Бенџамин Биолеј, Ванеса повторно се најде во прегратка на уметник, и тоа со режисерот со кого соработуваше на екранизацијата на романот „Куче“. Двојката е фотографирана за време на романтичниот викенд во Белгија, каде се надеваа дека ќе минат незабележано, но сепак, беа забележани од белгиските папараци“, пишува таблоидот „Гала“.

Ванеса пред четири години се раздели од Џони, со кого ги има синот Џек и ќерката Лили Роуз, а јавно го поддржа за време на разводот од Амбер, која го обвини за насилство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1