Белгискиот посредник Питер Ванхауте си заминува денеска од Македонија, дознава ДЕНЕШЕН.
Белгискиот посредник по последните преговори од страна на ВМРО ДПМНЕ и официјално кажаа дека повеќе нема да присуствуваат на состаноци на кои е тој поради константите навреди кон преставниците на партијата и Македонија. Во соопштението се велеше дека за нив тој е веќе само турист во Македонија.
Ванхауте на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде меѓу бројните “импресии” за Македонија, со фотографии на руини од Скопје со саркастични содржини, напиша ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА, ВЕЌЕ РЕАЛНОСТ ВО ГРУЗИЈА, кон фотографијата сликана во Грузија: Табла со грчкото знаме, на која на грузиски и на англиски јазик пишува “СОПСТВЕНОСТ НА ГРЦИЈА”.