Вардар се излеа на три локации во Скопје, свикан е Кризниот штаб


Надојдениот Вардар до 11 часот засега се прелеа на три локации во Скопје. Новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски за Плусинфо изјави дека Вардар веќе прелеал кај Владата на Македонија, во близина на ПИОМ и во Аеродром.

– На терен веќе се праќаат екипи за да постават заштитни вреќи на овие локации. Поради новонастанатата ситуација свикана е итна седница на Кризниот штаб на Скопје каде ќе се донесат одлуки за понатамошно делување – вели Весковски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1