Вчера силно невреме со град и грмежи – истото не чека и денеска


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне и околу пладне во западните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната температура од 23 до 32 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за краткотрраен пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1