Ве нервира гајтанот на глушецот? – „Маус Бат“ е глувче што лебди


Чешката компанија „Кибардиндизјан“ претстави глувче за компјутер што лебди, со футуристички изглед.

maus„Маус Бат“ е наменето за лица кои голем дел од своето време минуваат работејќи на компјутер, а негова цел е ги спречи проблемите со зглобовите и дланките.

Глувчето на чешката компанија има модерен дизајн, а функционира така што „стои“ над магнетен прстен што овозможува да лебди на 40 милиметри над подлогата или на 10 милиметри под тежината на раката.

Освен футуристичкиот дизајн, глувчето спречува оштетување на нервите и дисфункција на рацете. „Маус Бат“ е специјално наменет за лица кои боледуваат од синдромот на карпален тунел.

Иако, „Маус Бат“ го привлече вниманието на јавноста, глувчето се уште е во фаза на тестирање и не се наоѓа во продажба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1