Веб-страна – единствена и само за Шар Планина


Шар Планина, со својата масивност, убавина, богата флора и фауна е една од најпознатите планини на Балканот.

Природните вредности на Шар Планина се препознаени и идентификувани на национално и меѓународно ниво.

Тоа се гледа од интересот на големите светски организации за животна средина за вклучување на Шар Планина во системот на заштита на европско ниво.

Планинарскиот Клуб Љуботен од Тетово во соработка со Македонско Еколошко Друштво од Скопје и Конак-Попова Шапка дојдоа до идеја за изработка на веб-страна, единствена и само за Шар Планина. Сите податоци, информации за историјата, географијата, биологијата и планинскиот туризам, на едно место.

sapka-objava-sneg-01

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1