Веб страница пренесува 73 илјади хакирани безбедносни камери – 56 се од Македонија


Ѕиркањето во нечија спална собе не би смеело да биде толку лесно, а да не зборуваме за стотици и стотици приватни локации. Но, на веб-страницата Insekam се собрани преку 73.000 стримови во живо од безбедносни камери, чии сопственици не ја промениле основната лозинка. Не е јасно дали мотивите за постоењето на веб-страницата, која е регистрирана со IP-адреса во Москва, има за цел да укаже на важен безбедносен проблем или да профитира од воајеризам, а можеби и целта се двете, објави Радио Моф.

tehn-2-1728x800_c

Insekam тврди дека емитува стримови од камери од целиот свет, вклучувајќи преку 11.000 од САД. Покрај снимки од паркинзи, фабрички погони и продавници, на сајтот можат да се најдат и стримови од дневни и спални соби. „Сајтот е дизајниран за да ја покаже важноста на безбедносните поставки“, пишува во описот на страницата, која сепак содржи реклами и банери, што значи дека заработува.

На страницата може да се пребаруваат камери според земјата во која се инсталирани, а брзото пребарување открива дека во моментов има 56 сигурносни камери од Македонија, кои се поставени во Битола, Гостивар и Добри Дол.

Меѓу хакираните камери е и оваа, од, како што се тврди на сајтот, станица за технички преглед на возила во Битола:

Да биде јасно – понапредните интернет-корисници и претходно можеа да најдат слични стримови преку пребарувања на Google или на сервисот Shodan, но ова е првпат некој да собере толку многу камери на едно место и да ги направи толку достапни. Правните експерти велат дека вака поставена, веб-страницата директно го крши законите и прави компјутерска измама, затоа што пробива нечиј акаунт заштитен со лозинка, па дури и ако се работи за основната, фабричка лозинка.

Оваа веб-страница секако служи како предупредување, а корисниците кои ќе си ја препознаат снимката од безбедносната камера лесно можат да го решат проблемот, со едноставна промена на лозинката. Секако, под претпоставка дека ќе стигнат до оваа вест.

Радио МОФ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1