Вечер се менува времето – менувањето влијаело на здравјето – еве ги симптомите


Неколку спроведени студии покажале дека поместувањето на стрелките на часовникот за еден час, во пролетта, има неколку последици кои не би требало да ги занемариме. Примерите според тие студии, се поврзуваат со случаите на срцеви удари и автомобилски несреќи.


saat vremeЗабележано е дека при поместувањето на стрелките на часовникот се случувале 17 проценти повеќе срцеви удари отколку периодот пред две недели, пред да започне менувањето на сметањето на времето, велат истражувачите од болницата Вилиан Беамонт во Мичиген. Дури 71% повеќе срцеви удари се забележани на самиот ден на промената на саатот, отколку неделата пред тоа, покажале податоците забележани во таа земја.

Вечерва поместете го саатот за еден еден час понапред!

Студијата на американскиот весник за кардиологија, вели дека недостигот од сон може да го смени нивото на хормони и да го подигне крвниот притисок, што би можело да влијае на срцето. Сепак, исто така е откриено како поместувањето на саатот во есен нема толку големо влијание на бројот на срцеви удари.

И други направени студии дадоа интересни резултати за деновите по поместувањето на стрелките на часовникот за еден час, во периодот на пролетта. Студентите имале катастрофални резултати на испитите, а на интернет страните е забележана голема потрога по забавни содржини и тоа токму во работното време.
Во медицинското списание, „Sleep Medicine Reviews“ е забележано дека и покрај тоа што се смета дека поместувањето на времето има „мали последици“, се повеќе постојат докази кои го потврдуваат спротивното. За да се прилагоди телото на вакви промени, потребно е да помине една недела.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1