Вечерва „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”


По седми пат вечерва со почеток од 19:30 часот ќе се одржи музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“. Настанот ќе биде на плоштадот „Κарпошово Востание“ (пρед Музејот на холоκаустот).

Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред седум години.tose1-500

Целта е, како што велат од фан-клубот на Тоше Проески, заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.

– Сеќавањето на тебе, твоето постоење, љубовта и песните се патоκаз κој ни дава сила и оваа година да ја пρодолжиме тρадицијата, велат од фан-клубот и притоа ги повикуваат сите обоќаватели уште еднаш да доκажат деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат.

Во рамки на одбележувањето на овој датум, денеска во периодот oд 10 до 18 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1