ВЕЧЕРВА И ИЗУТРИНА ВНИМАВАЈТЕ – Возете 40 км на час, улиците се прскаат со „лизгав оцет“


Градот Скопје го продолжува третирањето на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.zagaduvanje

Со средството калциум магнезиум ацетат ќе се прскаат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“, во центарот на градот, како и дел од булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“, во Аеродром. Прскањето вечерва ќе почне во 20 часот и ќе се одвива кога тоа го дозволува температурата на воздухот (за да не настане голомразица).

Градот Скопје ги информира граѓаните дека брзината на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри/час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1