Струмичката котлина, Делчево, Берово и Велешко вечерва се очекува да бидат зафатени од невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците со кои располага Одделението за анализа и прогноза на време и радарските слики од радарскиот центар Ѓуриште, невремето ќе биде со умерен интензитет и ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.