Вечерва очекувајте силен дожд од метеори


Лириди, априлскиот дожд од метеори, почна од 16-ти февруари и вечерва ќе го достигне врвот. Астрономската појава која го разубавува ноќното небо ќе трае до 25-ти април, кога се очекува последното „прелетување“.

За време на еден час во вообичаени околности во априлскиот дожд од метеори се гледаат помеѓу 10 и 20 метеори. На врвот, вечерва ќe има и до 10 пати повеќе.meteorski dozd

Оние што сакаат да уживаат во оваа несекојдневна појава мора да се оддалечат од светлината на градот. Лириди може да се видат од височините во руралните краеви, а за посматрање не се неопходни двоглед или телескоп.

Точката на небесната сфера од каде што доаѓаат метеорите се наоѓа во соѕвездието Лира, па оттаму доаѓа и името на овој дожд.

Појавата е последица на проаѓањето на Земјата низ опашката на кометата Тачер, т.е. прашината која останала зад неа што се случува секоја година во април. Станува збор за едно од најпознатите астрономските појави, која била забележана уште пред 2.600 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1