Овој викенд Венера и Јупитер се спојуваат во Вселената и ова е исклучително ретко доживување кое ќе се повтори за половина век.
Венера и Јупитер нема да се спојат во буквална смисла, само на човечкото око ќе му изгледаат споени. Но всушност, тие ќе бидат раздвоени со милјарди километри.
Сличните планетарни конјукции се прилично чести, и се случуваат неколку пати во текот на деценијата. Меѓутоа спојувањето на Венера и Јупитер е ретко. Следниот пат ќе се случи во 2065 година.
Конјукцијата им е битна на оние кои веруваат во астрологија.
Сите желби кои ноќеска ќе си ги замислите би требало да се остварат, а најдобро е да се замисли љубовна желба затоа што Венера е синоним за љубов и вредност, а Јупитер за добротворство.
Малата среќа и големата среќа заедно не можат да бидат ништо друго освен среќа. Значи љубов, финании и секако како на кој што ќе му падне во наталната карта.
Еве што значат Венера и Јупитер во астрологијата.
Јупитер
Во римската митологија Јупитер е крал на боговите, бог на небото, молњите, бурите и громовите. Тој е чувар и заштитник и главно се поврзува со четвртокот. Се смет за планета на среќата, културата и филозофијата. Јупитер е толерантна и експанзивна планета. Тој бара увид низ знаење и мудрост. Клучните зборови кои се врзуваат за Јупитер се: моралност, надеж, благодарност, чест и закон. Тој влијае на добрата среќа, напредокот, благосостојбата, растот и експанзијата. Јупитер владее со внатрешното чувство за правда и моралност, владее со идеалите, повисоките цели, образованието и желбата за патување. Слободата, истражувањето и срдечноста обично се поврзуваат со Јупитер, означувајќи поради што тој е владеачка планета на Срелецот и Рибите, со егзалтација во Рак. Јупитер има големо влијание на потенцијалите за раст во повеќе аспекти од животот како што се: физички, интелектуални, духовни, културни, духовни и материјални. Јупитер одразува оптимизам, соништа, аспирации и сигнификатор е за деца, слава, просперитет, образование, политичка моќ, среќа, финансии и долги патувања. Јупитер во астрологијата се нарекува и голема среќа, зошто тоа е исклучително добра планета. Тој овозможува достоинство, правда, висока положба, друштвеност, искреност, влијателни пријатели. Јупитер влијае на здравствени проблеми како: холестерол, проблеми со тежината, дијабетес, катаракта, црн дроб, артерии, колкови и врат.
Венера
Венера во античката митологија е божица на љубовта, убавината, племенитоста, хармонијата, радоста и уживањето во животот. Венера е втора планета најблиску до Сонцето, и најсветол природен објект на ноќното небо (по Месечината). Венера има двојно владеење над знаците Вага и Бик, преставувајќи две важни области во нашиот живот – пари и љубов. Низ хороскопскиот знак Вага, Венера има моќ да влијае на хармониајта и врските, а низ знакот на Бикот влијае на сигурноста и материјални задоволства. Веенра има егзалтација во Риби, каде претставува чувствителност и способност за жртвување. Таа главно влијае на нашите општествени ставови, однесување, чувство за естетика и склоности – доминирајќи во односите на секое ниво. Венера строго ги изразува нашите основни морални вреднсоти и доблести, скромноста, искреноста, убавината и среќата. Се поврзува со здравствените тегоби кои се јавуваат кај: грлото, образите, брадата, јајниците, внатрешните репродуктивни органи, чувството на вкус и мирис, венската циркулација. Таа е многу фокусирана на сексуалната интеракција, а исто така и на текот на парите и финансиската состојба во нашите животи. Нејзини позитивни особини се: љубов, дарежливост, пристојност, добро расположение, чусвство за складност и рамнотежа, сочувствителност, добродушност, благост, нежност, чувство за убаво и чувство за такт. Од друга страна нејзини негативни особини се: сурова страст, развратност, неумереност, алчност, непристојно и блудно однесување, недостаток на такт, просто и примитивно уживање.