Вечна им слава: 12-годишнина од масакрот кај Карпалак


Во прилепската касарна „Мирче Ацев, почнаа чествувањата по повод 12-годишнината од масакрот кај месноста Карпалак кога на 8 август 2001 од конвојот со над 100 воени резервисти загинаа 10 прилепски бранители. Семејствата на загинатите, преживеаните од конвојот, здруженија, претставници ор АРМ и Касарната, од локалната самоуправа положија цвеќе пред спомен обележјето во кругот на касарната.

Прилепските бранители Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко заслужија во кругот на оваа касарна да имаат катче посветено на нив каде ќе можат граѓаните на Прилеп, а посебно учениците да дојдат, да го почувствуваат патриотизмот и да учат како се сака и брани татковината, затоа и ќе се реновира спомен собата.

karpalak zaginati

Утре делегација ќе замине кај месноста Карпалак каде се случи масакрот пред 12 години кога загинаа 10-те воени обврзници. Во Прилеп ќе биде положено цвеќе на гробовите на загинатите.

Главното чествување е утре на пладне пред споменикот во центарот на градот. Прилеп утре официјално ќе го открие и новиот голем споменик „Прилепски бранители“ среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основниот суд. Високиот модерен споменик ја симболизира вечноста на делата на хероит

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1