Вегета и Тетка Злата – жената која го измисли светски познатиот зачин (Фото)


Благодарение на изумот на Злата, “Подравка” стана глобална компанија, сиромашното градче Копривница процвета. И сето ова немаше да се случи ако во 1955 година снег не го завеа Загреб.
Vegeta-limenkaСНЕГОТ е виновен за сè! неверојатна приказна за Злата Бартл, жената која го измисли “Вегета” зачинот, стана хит на социјалните мрежи.Злата е родена во февруари во 1920 година. во Босна и Херцеговина во Сараево. Случајно, во 1955 година се најде во Загреб, а многу снег наврнал и ги завеал сите патишта во Југославија. Поради снежните патишта, таа не е во можност да се врати во родното Сараево. Заглавена во завеаниот Загреб, се обиде да најде работа. Се пријавила на оглас во Подравка – и била примена.Како хемичар таа со време напредуваше, а веќе следната година отиде во Копривница и почна истражувања во Подравка центарот. Во 1959 година смисли и направи зачин кои претходно не постоел во светот. Тие го нарекоа “Вегета 40”, подоцна преименувана во само “Вегета”.

Zlata-Bartl-2Во тоа време, таа живее во скромната фабрика во Копривница, заедно со колегите, и со нив делеше еден оброк дневно. Улиците беа калливи и градот беше неразвиен. Пакувањето на зачинот беше тешка импровизација – ќесите се лепеа со пегли кои ги позајмувале од жени од околните куќи.

“Вегета” преку ноќ станаа неверојатно популарна во цела Југославија, а потоа почна да се шири во околните земји. Денес, “Вегета” се продава во повеќе од 40 земји на сите континенти.

Благодарение на овој изум “Подравка” стана светска компанија, а сиромашниот град Копривница цветаше. Повеќе од 50 компании од целиот свет се обидуваа да го копирате овој зачин и лансираа нивна верзија  – но ниту еден не успеа комплетно да ја ископира и замени Вегета.

Zlata-Bartl-1Злата во раната младост имала љубов – несреќна и подоцна никогаш не се омажила ниту засакала друг.  Наместо тоа, таа се посвети на научна работа. Целиот мој живот сонував да се создадасм нешто што ќе биде корисно. Сакав многу да учам, читам, дури и по цена на непроспиени ноќе, – рече таа.

Злата има добиено разни награди и признанија:  Во 2006 година беше прогласена за почесен граѓанин на Копривница

Таа почина 2008 на 88 годишна возраст.

Денес постои фондацијата “Злата Бартл”, која на годишно ниво обезбедува стипендии за талентирани студенти и поддршка на научно-истражувачки трудови.

Телеграф.рс
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1