Веќе и официјално се роди Северна Македонија


„И официјално, Северна Македонија“„Заев: да живее Северна Македонија“; „Веќе и официјално се роди Северна Македонија“; „Со задоцнување од 24 часа испратена вербалната нота“; „Стапува на сила Договорот од Преспа“; „Официјална премиера за Северна Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по испратената вербална нота од грчкото МНР и по соопштението од владата дека името Северна Македонија официјално стапува на сила.

-Кревањето на знамето на НАТО пред објектот на владата од каде е отстрането името Република Македонија, се одржа во Скопје, а Зоран Заев три пати ја спомена неговата земја со новото име Северна Македонија, објави грчката државна телевизијата „ЕРТ“ во прилогот посветен на свеченоста во Скопје.

-На свеченоста беше и официјално споменато новото име со оглед на тоа дека премиерот Заев неколку пати го изговори името Северна Македонија, објави грчката телевизија „Антена“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1