Вељаноски: Заев најави смена на Уставот и федерализација на Македонија


Тоа што Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија, СДСМ го вметна во нивниот памфлет кој го нарекуваат програма, истакна на денешната прес конференција Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ.trajko-veljanoski-515x272

– Ветувањето за излегувањето од рамките на Охридскиот договор, отворањето на прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата по урнекот на Швајцарија се потврда за најавите на Заев дека сака да го менува Уставот на Република Македонија и да го отпочне патот кон федерализација на државата. Оваа потврда може да се прочита и во памфлетот на СДСМ наречен програма. СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и локалната самоуправа. Сите суштински елементи на Македонија каква што денес ја имаме – нагласи Вељаноски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1