Вчера во 16.50 часот во Велес на ул.„Луј Пастер“ лицето И.С.(30) од Велес минувајќи покрај двајца униформирани полицајцикои вршеле редовна служба на наведеното место без повод и причина почнал да ги омаловажува и навредува со погрдни зборови.
При обид лицето да биде легитимирано истиот легнал на средината на коловозот и не сакал да стане и одбил да се легитимира.
И.С. е приведен во Полициската станица Велес, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.