Фејсбук пријателите на 46 годишниот Спасе В. од Велес со неверување ја примија веста дека тој го извршил крвавиот злочин кој ја потресе Македонија.
-Спасе испадна монструм, зацрни цела фамилија уби невин човек, една жена се бори за живот. И уште тројца повредени. Починатиот има закажано свадба за неговиот син. И сега наместо свадба, излезе негов погреб. Навистина жално, немам зборови, се вели во еден од коментарите под статусот на Спасе В.